За Антетокумпо да го престигне Дончиќ на врвот на листата на стрелци во 2025 година ќе треба да постигне најмалку 95 коша во последните два меча
КОШАРКА – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА МАЖИ
Со преостанатите два натпревара до крајот на 42. Европско првенство (ЕП) во кошарка, Словенецот Лука Дончиќ речиси обезбеди уште една титула како прв стрелец зад своето име. Со децении, Гркот Никос Галис стоеше на врвот, а сега Дончиќ се придружи на тоа елитно друштво со кампања што го зацврстува своето место покрај грчката легенда. Словенечката суперѕвезда го заврши својот настап на ЕП 2025 во четврт-финалето, откако имаше просек од 34,7 поени по натпревар, станувајќи само третиот играч што имал над 30 поени во просек по натпревар на ЕП, пишува ФИБА.
Освен Галис и Дончиќ, единствениот друг играч со повеќе од 30 поени по во просек натпревар е Израелецот Дорон Јамчи со 31,9 поен во 1987 година. На нив би можел да им се придружи и Гркот Јанис Антетокумпо, оти тој пред полуфиналниот меч со Турција имаше 29,8 поени во просек по натпревар. За Антетокумпо да го престигне Дончиќ на врвот на листата на стрелците во 2025 година ќе треба да постигне најмалку 95 коша во последните два меча.
Што се однесува до одредени интересни статистички податоци, на ова ЕП 2025, Германија ќе настапи петти пат во полуфинале на ЕП. Ова беше првиот полуфинален меч на ЕП во кој двајца тренери помлади од 50 години се соочија еден со друг од 2007 година. Финска постигна повеќе од 90 поени во четири натпревари на ова ЕП, исто толку пати колку и на нивните претходни шест турнири на ЕП заедно.
Грција ги доби последните пет натпревари на ЕП против Турција. Турција играше во полуфиналето на ЕП само вторпат и првпат во странство, оти беа домаќини во 2001 година. Алперен Шенгун постигна 151 поен, а имаше 76 скока и 50 асистенции на настанот и стана еден од само двајцата играчи со над 150 поени, над 50 скока и над 50 асистенции на еден турнир во последните 30 години, веднаш до Дончиќ.
Германија и Финска по вторпат играа на ова ЕП за да решат за место во финалето. Натпреварот во својата група го доби Германија со 91-61, која патем ги совлада уште Литванија, Шведска, Црна Гора и Велика Британија. Додека Финска оствари три победи, над Шведска, Велика Британија и Црна Гора, а загуби покрај Германија и од Литванија, пишува ФИБА.
Германија има по едно злато, сребро и бронза пред полуфиналните дуели, а Финска нема медал и за првпат се пласираше во едно полуфинале. Турција (има едно сребро) во групната фаза имаше пет победи (Србија, Летонија, Португалија, Естонија, Чешка), а Грција (има две злата и бронзи и едно сребро) ги победи Италија, Грузија, Кипар, Шпанија, а загуби од БиХ. Откако репрезентацијата на Србија беше елиминирана, сите ја ставија Германија највисоко на подиумот во своите предвидувања, а актуелните светски шампиони беа решени да докажат дека се во право.
Европскиот шампион од 2022 година, селекцијата на Шпанија, беше елиминиран уште во фазата по групи, што претставува големо изненадување. Г.И.
Топ пет стрелци во просек на ЕП досега
ГОД. ИГРАЧ ДРЖ. ПРОС.
1987 Галис Грција 37
1989 Галис Грција 35,6
2025 Дончиќ Словенија 34,7
1983 Галис Грција 33,6
1991 Галис Грција 32,6
Топ пет стрелци во просек на последните пет ЕП
ГОД. ИГРАЧ ДРЖ. ПРОС.
2025 Дончиќ Словенија 34,7
2022 Антетокумпо Грција 29,3
2017 Швед Русија 24,3
2015 П. Гасол Шпанија 25,6
2013 Паркер Франција 19