Фото: Пиксабеј

Сѐ повеќе се нарачуваат вегетаријански јадења во виенските ресторани, а вегетаријанските и веганските ресторани се во подем со години. Овој тренд е препознаен и во системот за обука на готвачи, а по долга дискусија во Виена, од јули оваа година е можно да се посетува курс за мајстор за вегетаријанско кулинарство. Четиригодишниот курс за обука опфаќа различни методи за подготовка на вегетаријански специјалитети. Според соопштението од градската канцеларија на Виена во Белград, седум ресторани во австриската престолнина досега поднеле барање до Трговската комора за дозвола да станат центри за обука за нова професија.
Веганското друштво на Австрија вели дека околу 25 установи во Виена сакаат да го понудат овој нов вид обука. Меѓу нив се класични гостилници, луксузни ресторани, кујни на компании и виенски хотел. Веганското друштво на Австрија веќе примило околу 80 апликации од луѓе што сакаат да започнат обука за вегетаријански готвачи. Некои познати вегетаријански ресторани, исто така, регистрираат од 20 до 30 барања. Во урбаните средини како Виена, постои голем интерес кај младите луѓе за оваа нова професија.