Биста на Селеук Фото - Алан Глук

По изумирањето на македонската аргеадска династија, Селеук си ја доделил титулата крал, а истото тоа го направиле и другите главни македонски генерали што управувале со делови од Македонската Империја. Селеук ја проширил својата империја до реката Инд, каде што веројатно претрпел пораз, при што морал да потпише мировен договор со индискиот владетел Чадрагупта во 302 година пред нашата ера. Селеук му го препуштил Пакистан на Чандрагупта и му ја дал својата ќерка за жена, а за возврат добил 500 борбени слона

Знаменитостите на Македонија

Селеук, подоцна познат и како Победникот, е генерал во армијата на македонскиот крал Александар Велики. По смртта на македонскиот крал Александар и војните на дијадосите, станал родоначалник на династијата Селеукиди и ја основал Селеукидската Империја, една од најдолговечните империи наследнички на поранешната Македонска Империја, која најдолго одолеала на нападите на Римјаните. Единствено Птоломејското Кралство опстанало подолго за приближно 34 години. По смртта на Александар, Македонската Империја станала предмет на поделба на генералите во македонската војска. Селеук станал близок со регентот на империјата Пердика, со кого заедно учествувал во походот на Египет. За време на походот на Египет во 321 година пред нашата ера го убиле Пердика. По втората поделба на Македонската Империја во 321 година пред нашата ера, Селеук ја добил Вавилонската сатрапија. Кога Антигон во 316 година пред нашата ера завладеал со источните провинции, Селеук пребегнал во Египет. Во војната помеѓу Антигон и другите македонски генерали, Селеук соработувал со Птоломеј Први и командувал со египетските ескадрили во Егејско Море. По победата на Птоломеј во Битката кај Газа во 312 година пред нашата ера, Селеук се вратил во Вавилон.
По неговото враќање во Вавилон во 312 година пред нашата ера започнува нова селеукидска ера. Оваа година се смета за година кога е основана Селеукидската Империја. Од Вавилон, Селеук тргнал во поход на освојување на соседните провинции: Персија, Суза (Елам) и Медеја. Овие провинции дотогаш биле во рацете на луѓето на Антигон.

Деметриј Први Опсадникот, синот на Антигон, го нападнал Вавилон во 311 година пред нашата ера, но не успеал да нанесе посериозна штета. Во следните десетина години Антигон бил ангажиран на запад, па Селеук имал доволно време да го освои целиот источен дел на империјата на Александар Македонски, сè до реката Инд.
По изумирањето на македонската аргеадска династија, Селеук си ја доделил титулата крал, а истото тоа го направиле и другите главни македонски генерали што управувале со делови од Македонската Империја. Селеук ја проширил својата империја до реката Инд, каде што веројатно претрпел пораз, при што морал да потпише мировен договор со индискиот владетел Чадрагупта во 302 година пред нашата ера. Селеук му го препуштил Пакистан на Чандрагупта и му ја дал својата ќерка за жена, а за возврат добил 500 борбени слона.
Селеук влегол во сојуз со Лизимах во 301 година пред нашата ера и заедно успеале да го победат Антигон во Битката кај Ипс. Следува нова поделба на териториите во која Селеук ја добива Сирија и делови од Мала Азија. Со добивањето на Сирија, Селеук добива излез на Средоземно Море. На брегот од Средоземно Море го основа градот Антиохија и го прогласува за главен град на својата империја. Во исто време градот Селеукија на реката Тигар станува седиште на источните сатрапии, во кои за заменик-крал го поставува својот син Антиох. Селеук изградил голем број градови, ги именувал како Антиохија (16 града), Селеукија (девет града) и Лаодика (шест града).

Успеал да го зароби Деметриј Први Опсадникот во 285 пр. н.е., по што единствени соперници му биле Лизимах и Птоломеј Втори. Птоломеј Керавн пребегнал кај Селеук во моментот кога на власт во Египет дошол неговиот брат Птоломеј Втори, а Лизимах станал омразен откако го убил неговиот сопствен син. Оваа ситуација му одговарала на Селеук и ја искористил за интервенција против Лизимах, а со помош на Птоломеј Керавн. Во одлучувачката битка кај Курупедион во Лидија во 281 година пред нашата ера Селеук го победил Лизимах, по што практично успеал да освои сѐ што освоил и Александар Македонски освен Египет, Македонија и Грција. Имал намера да владее со македонското кралство во старите граници, а неговиот син Антиох да владее со цела Азија. Меѓутоа бил убиен од страна на Птоломеј Керавн во 281 година пред нашата ера, со што бил спречен да ја обнови речиси целата империја на Александар Македонски. Д.Ст.