Македонија како држава не е вештачка творба или случајна појава на историјата, туку напротив, таа е творба на повеќевековната саможртва на повеќе генерации, борба што кулминираше со херојската илинденска епопеја и Народноослободителната и антифашистичка борба во Втората светска војна. Македонија како држава не смее да го заборава значењето на симболиката при илјадниците знајни и незнајни македонски национални херои, кои се жртвуваа за македонскиот народ и неговата државност. Тука секако се и сите загинати припадници на македонските безбедносни сили од воениот конфликт од 2001 година
Изразот херој потекнува од антиката, а за старите народи херојот бил смртник што направил нешто толку далеку од нормалниот опсег на човечкото искуство што оставил бесмртен спомен зад себе кога умрел и на тој начин добил такво обожавање поради боговите, многу од овие први херои беа големи добродетели на човештвото. Хероите нѐ учат што значи големо лидерство, нѐ инспирираат да достигнеме поголеми височини и да бидеме повеќе од она што сме, нѐ мотивираат да правиме работи што никогаш не сме можеле да ги замислиме и ни даваат инспиративен пример за човечкиот дух, кој триумфира над неволја пред навидум непремостливите пречки.
Македонија како држава не е вештачка творба или случајна појава на историјата, туку напротив, таа е творба на повеќевековната саможртва на повеќе генерации, борба што кулминираше со херојската илинденска епопеја и Народноослободителната и антифашистичка борба во Втората светска војна. Македонија како држава не смее да го заборава значењето на симболиката при илјадниците знајни и незнајни македонски национални херои што се жртвуваа за македонскиот народ и неговата државност. Тука секако се и сите загинати припадници на македонските безбедносни сили од воениот конфликт од 2001 година.
Не случајно, деновиве Македонија како нација, држава и општество им оддаде почит на загинатите македонски бранители од воениот конфликт во 2001 година. Само за потсетување, на 10 август во присуство на семејствата на загинатите, претставници на државни институции, локалната самоуправа, армиски и безбедносни структури, граѓани и соработници, им беше оддадена почит на осумтемина бранители – Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на македонската армија, кои загинаа во 2001 година на крајот на воениот судир, кај месноста Љуботенски Бачила.
Претходно, на 8 август, делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од државната секретарка Елизабета Чуповска Ристова и директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, положи венец со свежо цвеќе на Спомен-плочата на македонските бранителите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Секако не смееме да ги заборавиме и бранителите Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, кои загинаа кај Вејце. Ова е потврда дека Македонија се сеќавања на хероите што ги положија своите животи за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.
Но зошто не треба да ги забораваме хероите? Националните херои се нераскинлив симбол на македонската нација и се вградени во македонската национална меморија. Не случајно во македонската национална свест се трајно врежани сеќавањата на илјадници херои што ги дадоа своите животи за македонската слобода, а нивната херојска саможртва е симбол на македонската државност. Како симболи, националните хероите го оживуваат минатото за новите генерации и создаваат мост меѓу генерациите. Македонските херои исто така ги олицетворуваат колективните идеали на македонската нација и го осуштествуваат заедништвото помеѓу членовите на македонската нација. Не смее да се заборави дека тие се и одредница на македонските национални стремежи – самостојна, независна и унитарна македонска држава, за ова се бореа македонските херои и за ова загинаа македонските херои.
Како општество, нација и држава мора постојано да се потсетуваме дека почитувањето на македонските национални херои е всушност почитување на саможртвата на неколку генерации што ја создадоа македонската држава, но и ја одбранија, како што се случи во 2001 година.