Автор: Д-р Гордана Маџункова, специјалист по семејна медицина
Лумбоишијалгија е медицински термин кој го опишува болка што потекнува од долниот дел на ’рбетот и се шири по должината на седалниот нерв (n. ischadicus) надолу по ногата. Најчесто зафаќа една страна од телото и може да биде предизвикана од иритација, компресија или воспаление на овој нерв.
Симптоми
- Остра болка која започнува во долниот дел на грбот и се спушта преку задникот, задната страна на бутот и понекогаш до стопалото
- Онеспособувачко чувство на слабост, трпки или пецкање
- Болката се влошува при седење, кашлање или кревање тежок товар.
Причини
Најчест причинител е дискус хернија – изместување на ‘рбетниот диск што притиска врз нервот. Меѓу другото, причини можат да бидат и:
- Спинална стеноза
- Синдром на пириформис
- Повреди или воспалителни процеси.
Третман и олеснување
- Мир и одмор, но не и долготрајна неактивност
- Физиотерапија и специјализирани вежби
- Антивоспалителни лекови
- Топли и ладни облоги
- Во некои случаи ако симптомите се хронични се размислува и за инвазивни постапки.