Автор: Д-р Мухарем Ибраими
Болката во нозете, поврзана со вените, често може да биде резултат на проблеми со венскиот систем, како што се проширените вени или хронична венска инсуфициенција.
Болка или тежина во нозете – Често чувство на тежина или нелагодност, особено на крајот од денот или после подолго стоење или одење.
Отекување – Отекување на нозете, најчесто на областа околу глуждовите.
Проширени вени – Видливи испакнати вени на нозете, кои може да бидат сини или виолетови.
Промени на кожата – Кожата на нозете може да стане сува, да чеша или да има пигментни промени.
Болка при притисок или одење – Некои пациенти доживуваат болка при одење или после физичка активност.
Причините кои доведуват до ова состојба
Проширени вени – Ова е состојба во која вените се шират и не можат ефикасно да ја пренесуваат крвта, што води до акумулација на крв и болка.
Хронична венска инсуфициенција – Се случува кога венските клапи, кои нормално го контролираат протокот на крвта, не функционираат како што треба, што води до проблеми со венскиот проток на крвта.
Тромбофлебитис – Воспаление на вената, често предизвикано од крвен згрутчување.
Лоша циркулација – Проблеми со протокот на крв во нозете можат да предизвикаат болка и нелагодност.
Како го опишуват пациентите
- Варикозни вени (проширени вени)
„Чувствувам тежина во нозете, како да ми се оловни“.
„Имам тапа, пулсирачка болка што се влошува навечер или по долго стоење“.
„Понекогаш имам грчеви во нозете, особено ноќе“.
„Нозете ми се како да горaт или чешаат околу вените“.
2. Хронична венска инсуфициенција (ХВИ)
„Секој ден нозете ми се отечени и болни, особено во текот на денот“.
„Кожата ми се менува – станува потемна и ме боли кога ја допрам“.
„Имам чувство како да ми пецкаат или боцкаат нозете“.
„Секогаш морам да ги кренам нозете за да ми биде полесно“.
- Длабока венска тромбоза (ДВТ) – итна состојба
„Имам силна, остра болка во листот на ногата, која станува полоша кога одам“.
„Ногата ми е отечена и чувствувам топлина во таа област“.
„Кога ја притискам мускулатурата, многу ме боли“.
„Можам да одам, но чувствувам притисок и затегнатост во ногата“.
- Површински флебитис и тромбофлебитис
„Имам црвена, тврда, болна линија по должина на вената“.
„Кога ја допирам вената, се чувствува како јазол и многу ме боли“.
„Болката е константна, но малку се смирува кога ги кревам нозете“.
Дијагностицирање
Дијагностицирањето на болка во нозете поврзана со вените обично вклучува неколку чекори за да се утврди точната причина за симптомите.
-Историја на пациентот (Анкета)
-Физички преглед
-Доплерски ултразвук
-Флебографија (Venography)
-Тестови за крв
Третман
Одмор – Редовниот одмор и подигање на нозете можат да помогнат во ублажување на симптомите.
Избегнување долго стоење или седење – Честото движење помага во подобрување на циркулацијата.
Користење на компресивни чорапи – Тие помагаат во подобрување на циркулацијата и намалување на отокот.
Лекови – Лекови против болка или антиинфламаторни лекови можат да помогнат во ублажување на болката и воспалението.
Медицински процедури – Во некои случаи, може да биде потребно третман како што е склеротерапија или хируршка интервенција за исправување на проширените вени.
Совети
- Редовно вежбање
- Подигнување на нозете
- Избегнување на долго стоење или седење
- Компресивни чорапи
- Користење на студени облоги
- Масажа и истегнување
Ако болката продолжи или се влоши, важно е да се консултирате со лекар за да се утврди точната причина и да се избере соодветен третман.
Превенцијата и редовната грижа за венското здравје може значително да ги намалат симптомите и да го подобрат квалитетот на животот. Важно е да се биде свесен за проблемите и да се обрне внимание на наведените совети за превенција и лекување.