„Гранд свис на ФИДЕ“ е еден од најзначајните турнири во шаховскиот календар, кој служи и како пат до Турнирот на кандидатите, пишува ФИДЕ
ШАХ
Новите елитни шахисти доминираат на списокот, а младите ѕвезди го дополнуваат составот, за турнирот во септември во Узбекистан, најсилниот турнир по швајцарски систем досега, „Гранд свис на ФИДЕ“, од кој првите две места носат пласман на Турнирот на кандидатите за 2026 година, објави Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
Турнирот се одржува на секои две години, а обединува многу од најсилните шахисти во светот, кои играат на класичен турнир по швајцарски систем од 11 кола. Првиот ваков турнир се одржа во 2019 година и го освои велемајсторот Ванг Хао, на изданието во 2021 година победи велемајсторот Алиреза Фирузја на отвореното првенство и Леи Тинџие во првото натпреварување во женска конкуренција, а во 2023 година победија Индиецот Видит Гујрати на отвореното првенство и Ваишали Рамешбабу во женска конкуренција, пишува ФИДЕ.
„Гранд свис на ФИДЕ“ е еден од најзначајните турнири во шаховскиот календар, кој служи и како пат до Турнирот на кандидатите. На турнирот ќе учествуваат 172 играчи, 116 на отвореното првенство и 56 на женскиот турнир. Според прописите, првите двајца на двата турнира ќе се пласираат на турнирите на кандидати во 2026 година, каде што ќе се одредат предизвикувачите за титулата светски шампион.
Турнирот има и значаен награден фонд, кој е значително зголемен од минатото издание. Наградниот фонд на отворениот турнир е 625.000 долари (зголемен од 460.000 долари во 2023 година), а во натпреварувањето за шахистки има награден фонд од 230.000 долари (зголемен од 140.000 долари во 2023 година).
Меѓу 116 играчи на отворениот турнир, 101 се квалификувале по рејтинг, а преостанатите места им се доделени на континентални претставници, шест вајлд-карти на ФИДЕ и пет се номинирани од локалниот организатор, а на женскиот турнир 44 шахистки се квалификуваа според рејтингот, четири шахистки им се придружуваат од континенталните места, четири преку вајлд-карти на ФИДЕ и уште четири како номинации од локалниот организатор, пишува ФИДЕ. Н.М.