Фото: Пиксабеј

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа.

Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе отпатува за Катар.

Претходно, Израел соопшти дека подготвува одговор откако Хамас изрази подготвеност да преговара за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Хамас синоќа потврди дека е подготвен да се вклучи во разговори за предлогот на САД.

Според неименувани палестински извори, предлогот вклучува 60-дневен прекин на огнот, кога Хамас треба да ослободи десет живи заложници и ќе ги врати телата на неколку мртви во замена за ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори.