Пред 97 години есперантистите со своите први емисии на есперанто (американската станица во Њу Џерси) им се придружија на ентузијастите на безжичната телефонија. Тогаш сѐ уште никој не беше свесен дека така се создадоа есперанто – радиофонијата и е-радијата. Тие низ децениите му служеа и сѐ уште му служат на есперанто-движењето како главен форум за информирање.
Веќе во 1910 година д-р Заменхоф (креаторот на универзалниот јазик есперанто) во својата порака до руските есперантисти пишуваше за образовната улога на универзалните и националните конгреси во говорната употреба на јазикот. Тие и сега ја исполнуваат таа улога. Но не може да се потцени значењето на различни радиостаници и нивните есперанто-програми за секојдневната употреба на јазикот, токму поради зачестеноста и разновидноста на програмите.
Во историјата на таканаречената е-радиофонија постоеле многу радиостаници и емитувачи. И сега некои програми престануваат (или функционираат нередовно), а од друга страна се појавуваат нови. Највпечатлив пример е есперанто-редакцијата на популарното Полско радио, кое ја прекина секојдневната работа во официјалната структура, сега за е-заедницата функционира како Полско интернет-радио, со две постојани емисии секоја недела.

(Од ревијата „Есперанто“, превод од есперанто Татјана Шошолчева Ропајкова)