Фотографијата Убавина што не заморува на авторот Стојан Савески е изборот на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Различни агли на погледи кон една иста убавина. Над локалитетот Горица 1 воздушните летала прават свртување, заминуваат од историскиот град Охрид и ги враќаат посетителите кон нивните почетни дестинации. Долу пак, други посетители се рекреатираат на блиските туристички локалитети и уживаат во неповторливите глетки на Охридското Езеро. Воздишки кон убавината што не заморува. И од небо, и на земја – вели Савески.

Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.