В сабота (17 мај), со почеток во 10 часот, стартува премиерното издание на маратонот во планински велосипедизам „Крушево МТВ челенџ“, во организација на велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија. Во рамките на овој настан, за првпат во историјата на велосипедскиот спорт ќе се реализира и државното првенство во планински велосипедизам Маратон како дел од официјалниот календар на ВФМ и според пропозициите и критериумите на Светската велосипедска федерација УЦИ.
Натпреварувачите ќе имаат можност да одберат помеѓу мал маратон од 25 км и голем маратон од 75 км, со вкупно искачување од 650 односно 2.000 метри.
Овој настан се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – „Инкрисинг маркет емлоабилити“, „Алто Панорама хотел и спа“, хотелот „Монтана“ и Општина Крушево.
Признанија и награди ќе бидат доделени за сите возрасни категории и тоа: 18-29, 30-39, 40-49, 50-59, 60+. Пријавувањето е отворено до 15 мај.