Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

По голема и неизвесна борба во натпревар од пет сета младите одбојкарки на Работнички-Скопје стигнаа до бронзениот медал на завршниот фајнал фор турнир во младинска конкуренција.

Тие во малото финале славеа победа со 3-2 во сетови (20-25, 25-15, 25-15, 18-25, 15-9) над Газели Волеј во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Самиот пласман во завршницата на младинскиот фајнал фор е успех и за двете екипи, посебно за тимот на Газели Волеј кој сезонава играше во Втората лига, и со младиот и амбициозен состав обезбеди пласман во најсилната женска одбојкарска лига.

– Ние сме млада и перспективна екипа и во секој меч влегуваме со високи амбиции, но младоста и неискуството си го направија своето и во вчерашното полуфинале а и денес во мечот за трето место. Имавме проблем со концентрацијата по падовите во игра, тешко е млади и неискусни играчи да надминат пад и да се вратат во игра. Станува збор за девојчиња родени 2008 и 2009 година кои по возраст се млади кадетки, а играат во младинска конкуренција. Но како и да е имаме амбициозни долгорочни планови како екипа и верувам дека со напорна и посветена работа ќе ги оствариме – изјави тренерот на Газели Волеј Бранка Каленикова.