Еден од најголемите светски хитмејкери на сите времиња, Брајан Адамс , синоќа во Скопје одржа ексклузивен концерт за само 2.500 посетители, во СЦ Јане Сандански, во организација на „Авалон“.
– Брајан Адамс e реално во А листата на светски изведувачи. Има повеќе од 20 хит сингла и неколку големи милионски албуми. Последните албуми му се одлични. Настапува низ цел свет во најголемите концертни сали. Се наоѓа во листата на топ 10 најпуштани артисти на сите времиња, на глобално ниво – велат од „Аволон“.
Скопјани имаа можност да уживаат во големите хитови како што се „Heaven”, „Summer of ’69”, „Please Forgive Me”, „All for Love”, „Have You Ever Really Loved a Woman”…и мнооогу други.
