Одржувањето активен животен стил е од суштинско значење за доброто здравје, но кога станува збор за фитнесот, постојат некои правила што треба да ги следите според вашата возраст, градба и лични цели. Тренерката Роуз Мекнати наведува што треба да промените за да бидете упорни во вежбите и лесно да ја достигнете целта. Премногу интензивно вежбање може да биде товар, најдобро е да ги комбинирате активностите, како кардио, јога, пливање или возење велосипед, за да го намалите товарот на телото со текот на времето.
Не е тајна дека повторувањето на истите вежби или рутини за вежбање секој ден може да доведе до нерамнотежа на мускулите и досада. Наместо тоа, менувајте ги вашите тренинзи со пробување нови активности или менување на вашата рутина на секои неколку недели. Не заборавајте на исхраната.
Лошата исхрана, на долг рок, има негативни последици, постои ризик од метаболички нарушувања и други здравствени состојби. Без разлика колку напорно вежбате, треба да имате и урамнотежена исхрана. Одвојувајте доволно време за да се истегнете по вежбањето, бидејќи тоа е од клучно значење за подобрување на флексибилноста. Поминете неколку минути по тренингот истегнувајќи ги главните мускулни групи за да ја намалите болката и да спречите повреда.
– Истегнувањето го намалува ризикот од повреда за време на тренингот и е одлично за градење подобар опсег на движења. Сепак, погрижете се да не истегнувате погрешни мускули – вели Мекнати, која исто така советува правилно загревање пред да започнете со тренинг.