Македонци што живеат во Србија, Бугарија, Грција, Турција, нудат бесплатно сместување за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, а кои се хоспитализирани надвор од земјава.
Во странство досега се прифатени 44 повредени и тоа во Србија -17, во Бугарија – 14, во Турција – 9 и во Грција – 4.
Во пожарот во Кочани, според последните официјални податоци, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.