Вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа југоисточно од Мексико Сити, денеска исфрли чад и пепел во висина од еден километар, соопштија локалните власти.
Националниот центар за спречување на катастрофи (Ценапред) ги предупреди граѓаните да не одат во близина на вулканот, кој е опкружен со безбедносен прстен од 12 километри.
Video explosión del #Popocatépetl de las 23:22 h.
Fragmentos incandescentes cubriendo las laderas del lado de Puebla; al inicio de la explosión se observan dichos fragmentos como proyectiles razón por la cual existe el radio de seguridad de 12 km desde el cráter.
Vía @capacapa pic.twitter.com/hiDle4GeyS
— SkyAlert (@SkyAlertMx) 8 December 2018
Попокатепетл неодамна покажа необично висока активност, соопшти Ценапред кој од вчера до денеска регистрирал повеќе од 100 ерупции на пареа и гас, како и двокилометарски столб од чад.
Explosión del #Popocatépetl – 7:51 h.
Columna eruptiva cerrcana a 2 km sobre el cráter; se observan fragmentos cayendo sobre la ladera del lado de Puebla. pic.twitter.com/O384q6QOO8— SkyAlert (@SkyAlertMx) 9 December 2018
Еден од најактивните вулкани во Мексико, Попокатепетл, што на ацтечки значи „планина што се чади“, имал 15 големи ерупции од доаѓањето на шпанските освојувачи на почетокот од 16 век.