Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски.

– Тоа се многу средства за која било држава. Неколку земји може да стигнат до пет проценти. Ние сме над два процента од нашиот Буџет односно БДП. Она што е важно е да расте економијата бидејќи со самиот раст на економијата и нашиот процент би бил поголем – рече Мисајловски, додавајќи дека тоа мора да биде внимателно направено, чекор по чекор.

Мисајловски направи споредба дека многу земји немаат стигнато ниту до два процента како на пример Словенија, а две третини имаат два процента. Во овој момент, според Мисајловски, буџетот на МО е најголем во историјата на државата.