Мирче Ѓоргоски е новиот командант на Командата за операции. Денеска во кумановската касарна „Боро Менков“ беше извршено примопредавање на командантската должност од досегашниот командант Бесник Емини и новиот Ѓоргоски.
На воената свеченост пред припадниците на единиците се обрати началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски се заблагодари на досегашниот командант професионалното командување и раководење, истовремено изразувајќи уверување дека новопоставениот командант со своето искуство и војничка кариера ќе продолжи со успех да ја води Командата за операции.
– Да се биде на чело на оваа команда е вистински предизвик, огромна привилегија и чест која носи огромна одговорност, затоа преку чинот на предавањето на военото знаме на новиот командант-бригадниот генерал Ѓоргоски ќе му ја доверам привилегијата, но во исто време и одговорноста за раководењето и командувањето со ова е исклучително важна команда. Генералот Ѓоргоски ја презема командата за операции во исклучително важен период. Период којшто треба со успех да ја заокружи трансформацијата и модернизацијата на командата и единиците потчинети на неа, период кој подразбира излегување од комфорната зона и максимално посветување кон зајакнување на капацитетите и способностите на единицата. Период во којшто борбената готовност ќе се подигне на рамниште потребно за беспрекорно извршување на мисијата и поставените задачи период во кој мораме да ги апострофираме нашите силни страни, да ги адресираме нашите предизвик и да се подготвиме за променливата платформа на глобалната безбедност и предизвиците на 21 век- рече Лафчиски.
Како што истакна началникот на ГШ, целта останува-создавање на модерна агилна и технолошки напред на армија кога може ефективно да ја браните татковината и да придонесе за исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во НАТО алијансата.
Пред присутните беше прочитан указот на претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска Давкова за поставувањата на командна позиција. Бригадниот генерал Ѓоргоски досега ја извршуваше должноста началник на штаб во Командата за операции, веќе раководи со најголемата оперативна команда во АРМ.