ХОКЕЈ НА МРАЗ – НХЛ-ЛИГА
Александар Овечкин го постигна 884-от гол во својата кариера во хокеарска НХЛ-лига во поразот на Вашингтон капиталс од Тампа Беј лајнтинг во саботата, со 1-3, доближувајќи се на 10 гола до израмнувањето на рекордот на Вејн Грецки, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
– Тој е најдобриот стрелец со причина. Му даваш малку простор, тој постигнува гол – рече одбранбениот играч на Тампа Беј, Рајан Мекдонаг.
Овечкин сега има вкупно 31 гол сезонава. Вашингтон е водечки во Источната конференција. Н.М.