Ватикан

Папата Франциск (88) е во критична состојба и се бори со воспаление на двете белодробни крила. Иако Ватикан официјално соопшти дека тој „поминал мирна ноќ“, сепак вчера беа лиферувани информации дека тој „четврти ден по ред останува во критична состојба“, но дека „немал нови респираторни кризи“. Според официјален Ватикан, папата останува под „внимателно набљудување“. Според написите во медиумите, „овој тип пневмонија е сериозна инфекција на двата бели дроба, која може да предизвика воспаление и лузни, отежнувајќи го дишењето“. Ватикан соопшти дека инфекцијата на папата била „комплексна“ и предизвикана од два или повеќе микроорганизми. За потсетување, Франциск, кој е папа од 2013 година, претрпе неколку здравствени проблеми во последните две години. Се очекува Ватикан повторно да објави ново соопштение за здравствената состојба на папата. Р.С.