Албанија
Јавниот долг на Албанија на крајот на минатата година се намалил на ниво од 54,73 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), наспроти 55,8 отсто, колку што се предвидуваше. Станува збор за најниско ниво од 2008 година, кога долгот изнесувал 54,8 отсто.
Официјалните податоци од Министерството за финансии покажуваат намалување за 17,94 отсто споредено со 2015 година, кога јавниот долг достигнал највисоко ниво, 72,67 отсто од БДП.
Албанија имаше јавен долг од 72 отсто и во 1999 година, две години откако земјата го доживеа финансискиот колапс предизвикан од пирамидалните штедилници. Оттогаш долгот постојано се намалуваше од година на година до 2008 година, кога долгот се зголеми за првпат по десет години. Агенциите за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ и „Мудис“ ја подобрија оценката за Албанија, потврдувајќи ја стабилноста на албанскиот пазар. Р.С.