Во 9-то коло од домашното првенство во првата кошаркарска лига денеска кошаркарите на Куманово на домашен терен загубија од екипата на КК Фени со 74:86 (38:46) со што го доживеаја и четвртиот пораз сезонава
Кошаркарите на Куманово по добрата игра и несреќниот пораз во минатото коло на гостувањето кај екипата на МЗТ Скопје денеска на домашен терен ги изненадија но и по малку ги разочараа домашните гледачи бидејки тие вечерва неочекувано загубија од екипата на КК Фени од Кавадарци со 74:86 со што го забележаа и вториот пораз на домашен терен.
Што се однесува пак до самиот натпревар иако тој речиси во целиот тек помина скоро во изедначена игра од страна на двете екипи сепак вечерва гостинските кошаркари на КК Фени беа за нијанса подобра но и покомлетна и поорганизирана екипа која вечерва на натпреварот од четирите четвртини дури три реши во своја полза а една одигра во егал па така на крајот од Куманово сосема заслужено си замина како победник.
Најдобри поединци на натпреварот беа двајцата американски интернационалци во екипата на КК Фени Лук Мејер и Кенет Фундербург кои вечерва заедно за гостинската екипа постигнаа дури 54 кошови што всушност беше и одлучувачкиот момент за конечниот исход на натпреварота за кој што вечерва домашните кошаркари немаа ама баш никакво решение.
Најефикасни кошаркари на натпреварот во домашната екипа на Куманово беа Бранислав Џекиќ со 27 и Аден Мекиќ со 15 кошови додека пак кај победничката екипа на Фени америкамците Кенет Фунбдербург со 28 и Лук Мејер со 26 постигнати кошови.
Во наредното коло од првата кошаркарска лига екипата на Куманово ја очекува тешко гостување кај екипата на КК Блохотекна во Гевгелија.