КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025

Со минимален пораз од Украина на неутрален терен во Рига, кошаркарките на Македонија ги завршија квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) годинава, првпат во четири држави, во Чешка, Германија, Италија и во Грција. Поразот дојде во последната секунда од мечот, со два поена од линијата за слободни фрлања за 74-72 (22-12, 15-18, 21-18, 16-24), иако црвено-жолтите одиграа досега најдобро и имаа можност тие да слават минимално во финишот. Капитенката Анџелика Митрашиновиќ уфрли 33 поени, Матеа Николиќ имаше 13, Мерит Хемпе 11, Илина Селцова осум, Нена Трајчевска пет и Милица Николиќ два. Кај Украинките најефикасна беше Алина Лагупова со 19. Во вториот меч од групата Г, Португалија на свој терен ја совлада Србија со 57-40 (12-14, 16-13, 14-11, 15-2). Од оваа група на ЕП 2025 се пласираа Србија и Португалија, а од другите групи Шведска, Турција, Франција, Шпанија, Белгија, Велика Британија, Литванија, Црна Гора, Словенија и Швајцарија. Г.И.


ГРУПА Г
Украина – Македонија 74-72
Португалија – Србија 57-40

ТАБЕЛА
Србија 6 5 1 480-307 11
Португалија 6 5 1 373-326 11
Украина 6 2 4 385-420 8
Македонија 6 0 6 336-521 6