Илон Маск / Фото: ЕПА

Федерален судија во Њујорк го блокираше извршниот директор на Платформа „X“, Илон Маск и неговото Министерство за ефикасност на владата, да пристапуваат до податоците на Министерството за финансии на САД кои содржат чувствителни лични информации, како што се броевите за социјално осигурување на Американците и броевите на банкарските сметки.

Одлуката беше донесена откако 19 демократски државни обвинители ја тужеа администрацијата на претседателот Доналд Трамп, тврдејќи дека му дала пристап на тимот на Маск до централниот платен систем на Министерството за финансии, прекршувајќи го федералниот закон – објави АП.

Овој систем управува со поврат на даноци, социјални бенефиции, воени пензии и други плаќања, а содржи и мрежа на лични и финансиски податоци на Американците – пренесува „Танјуг“.

Во тужбата се наведува дека пристапот до податоците на Министерството за финансии довел до безбедносни проблеми и можност за незаконско блокирање на федералните фондови.

Обвинителите тврдат дека секретарот за финансии Скот Бесент ја сменил долгогодишната политика за заштита на чувствителните податоци за да му овозможи пристап на Маск.