Фото: ЕПА

ТЕНИС

Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на тенискиот гранслем-турнир Австралија опен во Мелбурн, со победата со 6-1, 6-7, 6-3, 6-2 над Португалецот Хамес Фариа. Со тој меч десеткратниот шампион во Мелбурн постави нов рекорд на најголемите тениски турнири во светот (уште и Ролан Гарос, Вимблдон и САД опен), кој досега го делеше со Роже Федерер, откако го одигра 430-от натпревар на гранслем-турнирите и има еден повеќе од Федерер, пишува агенцијата „Ројтерс“. Во третото коло, утре, Ѓоковиќ, кој е седми носител на турнирот во Мелбурн, ќе се сретне со Томаш Махач од Чешка. Вчера во третото коло се пласираа и, на пример, Александер Зверев (втор носител), Карлос Алкараз (трет), Томи Пол (12-ти)…. Денеска од првите десет носители на Австралија опен играат Јаник Синер (прв носител), Тејлор Фриц (четврти), Данил Медведев (петти) и Алекс де Минаур (осми). Н.М.