Две летала на Месечината, развиени од приватни компании од САД и Јапонија, ја напуштија Земјата со ракетата „Спејс икс фалкон 9“ како дел од заедничката мисија за патување и слетување на Месечината. Лансирањето се случи во средата, во 1.09 часот по локално време, од вселенскиот центар Кенеди на Флорида. Ракетата носеше модул од американската компанија „Фајрфлај аероспејс“ и јапонската компанија „Ај спејс“. По пристигнувањето во лунарната орбита, лендерите ќе се одвојат и ќе спроведат независни истражувачки мисии.
Модулот наречен „Блу спејс“ се очекува да стигне до Месечината за околу 45 дена по одвојувањето од ракетата „Спејс икс“. Неговите задачи вклучуваат дупчење во земјата, собирање примероци и земање снимки со рендген за проучување на магнетното поле на Земјата. Ова истражување ќе придонесе за идните човечки мисии на Месечината и ќе обезбеди увид во влијанието на вселенското време на нашата планета. Јапонскиот лендер, наречен „Ризајеленс“, се очекува да пристигне на површината на Месечината за околу пет месеци. На одредени локации ќе пушти ровер за истражување и ќе се обиде да собере површински материјал познат како реголит.
НАСА ја поддржува оваа мисија, која, доколку биде успешна, ќе претставува најголема комерцијална испорака на Месечината досега. Минатата година „Интуитив машинс“ стана првата комерцијална организација што слета лендер на Месечината, достигнување што претходно го постигнаа САД, Советскиот Сојуз, Кина, Индија и Јапонија. Покрај оваа мисија, „Спејс икс“ го спроведува и седмиот орбитален пробен лет на својата ракета „Старшип“, која треба да полета од Тексас в среда, во 16 часот по локално време. Овие потфати означуваат нова ера на комерцијално истражување на вселената, каде што приватните компании преземаат клучна улога во мисиите на Месечината и истражувањето на Месечината.