Еден ученик со нож нападнал професор и други ученици во училиште во Загреб, јавуваат хрватските медиуми.
Наводно има и повредени. Станува збор за основното училиште Пречко. На терен се полицијата и итната помош.
Во училишниот двор пристигна и хеликоптер на брза помош.
Некои од децата се евакуирани, а некои останале во училиштето, дознава Дневник.хр, кој пишува дека непознат напаѓач со нож ја повредил наставничката и дека се повредени и неколку деца.
Луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека некои од децата бегале низ прозорците од училниците.
Директорот на училиштето за Јутарњи лист потврди дека во училиштето се полицијата и итната помош.
„Не можеме да бидеме добро, не ни е добро. Не даваме никаква изјава, ве молиме бидете со разбирање во овој момент“, вознемирено рече директорката на училиштето.