Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се обврза спрема Европската фудбалска унија (УЕФА) дека ќе инсталира целосно нов терен на стадионот „Вембли“ за завршните натпревари на Европското првенство (ЕП) во 2020 година. Луѓето што стопанисуваат со „Вембли“, кој треба да биде домаќин на седум натпревари на ЕП 2020, вклучувајќи ги полуфиналето и финалето, ѝ ветија на УЕФА дека теренот ќе биде во совршена состојба и за тоа ќе потрошат 500.000 фунти (562.000 евра).
Проблемите со теренот на „Вембли“ настанаа откако националниот стадион беше домаќин на бокс-мечот Антони Џошуа – Александар Поветкин и на три меча во американски фудбал во период од само пет недели, покрај тековните настапи на Тотенхем во домашното првенство и во Лигата на шампионите.