Мекларен води со 21 бод пред Ферари и тие два тима се во игра за трофејот

ФОРМУЛА 1 – В НЕДЕЛА ТРКА ВО АБУ ДАБИ

Рекордната сезона во Формула 1 (Ф1) завршува викендов, со трката во Абу Даби, по која ќе биде познат и првакот меѓу конструкторите. Мекларен и Ферари остануваат во игра за трофејот. Ферари досега освои 16 титули, а Макларен осум.
Со предност од 21 поен пред Ферари, Мекларен треба да освои 24 поени за да ја освои титулата кај конструкторите, или 23 ако Ферари не победи на трката, а победа на гранпри-трката в недела би била доволна за Мекларен, бидејќи тоа вреди 25 поени, пишува Формула 1.
Ако возач на Мекларен биде на второто место, тогаш Ферари ќе треба да победи и да освои трето место, третото место за Мекларен ќе значи дека Ферари ќе треба да победи и да заврши не пониско од петтата позиција, ако постигне најбрз круг, или четврто ако не го постигне, а собирањето 24 поени би можело да се постигне на повеќе начини доколку не победат на трката, па, на пример, второто и седмото би биле доволни, исто како и третото и петтото место, пишува Формула 1. Уште 44 поени има на располагање за секој од тимовите. Ако Ферари ги освои првите две места и бонус-поенот за најбрз круг, подиум за Мекларен ќе бара од тимот нивниот втор болид да освои девет поени…, пишува Ф1.
Но за освојување не е само шампионатот меѓу конструкторите. Допрва треба да се одлучат уште голем број други позиции, но особено е тесна борбата за шестото место во генералниот пласман кај тимовите, а резултатите ќе имаат влијание и врз конечниот пласман на возачите, освен во трката за титулата, откако Макс Ферстапен минатата недела ја освои својата четврта титула во низа. Н.М.


ПЛАСМАН НА КОНСТРУКТОРИ

Мекларен 640
Ферари 619
Ред Бул 581
Мерцедес 446
Астон Мартин 92
Алпин 59
Хас 54
РБ 46

ПЛАСМАН НА ВОЗАЧИ
Макс Ферстапен 429
Ландо Норис 349
Шарл Леклер 341
Оскар Пјастри 291
Карлос Саинц 272
Џорџ Расел 235
Луис Хамилтон 211
Серхио Перез 152
Фернандо Алонсо 68
Нико Хулкенберг 37
Пјер Гасли 36
Јуки Цунода 30