фото: Ка.М.
Тутунскиот комбинат Прилеп, како едно од поголемите откупни претпијатија, утре започнува со откуп на тутунот од годинашната реколта. Во Прилепско откуп на жолтото злато ќе се врши на 10 откупни пунктови и во шест во Радовишко. Во градот тутун ќе се откупува на главниот откупен пункт во кругот на комбинатот.
Од Тутунскиот Комбинат велат дека проценката на тутунот ќе се врши според квалитетот, а  стручните служби процениле дека тутунот е со добар квалитет.
– Планиранираме да откупиме два милиони килограми тутун. Средствата за исплата на откупените количества се обезбедени и исплатата ќе се врши двапати неделно – велат од Комбинатот.
Од Сојузот на тутунски здруженија на Македонија очекуваат дека ќе се зголеми интензитетот на откуп на тутунот, оти досега бил стихиен, а не помагале ни временските услови за манипалуација.
– Очекуваме дека утре со откуп ќе започнат сите 10 откупни претпијатија со кои преговараме  и за зголемување и на цената за откупот на тутунот. Процнеката на тутунот ќе се врши на околу 200 ваги на цела Македонија. Квалитетот на тутунот е одличен и годинава од тутунопроизводители се очекува да се преземат од 15 до 17 милиони килограми – вели Кире Ристески, претседател на Сојзуот на тутунски здруженија на Македонија.
Ка.М.