Фото: Пекселс / Илустрација

Руските напади во текот на ноќта оставија стотици илјади Украинци без струја, соопштија регионалните власти денеска, откако Киев предупреди за „масовен“ руски напад врз украинската енергетска инфраструктура.

– Досега, 523.000 претплатници во регионот Лавов се без струја – објави регионалниот шеф Максим Козицки на социјалните мрежи.

Властите соопштија дека 280.000 луѓе немаат струја во западниот регион Ривне и уште 215.000 во регионот Волин.