Во рамките на издавачката куќа „Артконект“ неодамна е објавен графичкиот роман „Бранови“ од Ингрид Шабер (авторка на текстот) и Карол Морел (илустраторка). Англиското издание на оваа книга ја доби наградата „Харви“ за најдобар европски стрип.
Приказната е за две жени чиј живот целосно ќе се промени откако едната од нив ќе забремени. Тие ќе претрпат ужасна загуба и ќе сфатат дека мора да најдат начин да се соочат со суровата реалност. Исполнета со прекрасни нежни илустрации, речиси како извадени од нечиј сон, оваа книга нема да ве остави рамнодушни и ќе ве натера уште повеќе да верувате во моќта на љубовта и надежта.
Книгата е објавена во рамките на проектот „Соочување со неизвесноста: современа европска литература“ што издавачката куќа „Артконект“ го реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.
Преводот е на Елисавета Поповска.