Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изрази надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија.
-Повторив дека Украина треба да биде во можност да го користи оружјето што и го дадовме, не само за да ги „запре стрелите“, туку и да ги погоди „стрелците“. Сè уште верувам дека тоа е она што треба да се направи. Сигурен сум дека повторно ќе разговараме. Се надевам дека земјите-членки ќе се договорат за тоа – рече Борел во пресрет на средбата со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.
Според „Њујорк Тајмс“ и извештаите на агенциите и други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATAЦMС за напади длабоко во руска територија.