Фото: Пиксабеј

Кинеските власти денеска повторно повикаа на мир во Украина.

-Најитно е да се поттикне деескалација на ситуацијата што е можно побрзо – рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џиан на редовната прес-конференција, повикувајќи на „брз прекин на огнот и политичко решение“.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе и дозволи на Украина да користи оружје обезбедено од САД за напади длабоко на руска територија, објавија синоќа светски медиуми, што претставува промена во политиката на Вашингтон во украинско-рускиот конфликт. Но, Белата куќа се уште не објави ништо за ова прашање.

Овој потег на САД, два месеца пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да стапи на должност на 20 јануари, може да уследи по неколкумесечните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски да и дозволи на украинската војска да користи американско оружје за напад на руски воени цели далеку од границата.