Фото: принтскрин/Твитер/ Илустрација

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека Мухамед Муса Салах, Ајман Мухамед Набулси и Хаџ Али Јусеф Салах, команданти на Хезболах одговорни за регионите Хијам, Тебнит и Гаџар, загинале во два одделни напада.

– Овие терористи организираа многу терористички напади врз Израел и беа одговорни за лансирање на повеќе од 2.500 проектили кон подрачјата на Голанската Висорамнина, Горна Галилеја, Панхендл Галилеја и против војниците на ИДФ што дејствуваат на југот на Либан – наведе ИДФ.

Во соопштението се додава дека оваа акција дополнително ја намалува способноста на Хезболах за спроведување на терористички напади од јужен Либан врз израелските цивили долж северната граница.