На денешната прес-конференција во универзитет „Скопје“, пред големиот славенички концерт на групата „Меморија“, што ќе се одржи на 16 декември во СЦ „Борис Трајковски“, членовите на бендот објавија уште некои детали во врска со настанот со кој одбележуваат 40-годишно постоење. Домаќин на средбата со претставниците на седмата сила беше Антонио Димитриевски, некогашен член на групата.
– Концертот е замислен како големо мултимедијално шоу, каде ќе можат да се видат многу новини. Екипата која ќе го реализира е „Аквариус“, а Александар Чоланчевски ќе биде режисер. Ќе има 11 камери, два дрона, 15-метарски кран, голем лед екран поделен на три сегменти. Никола Василевски е задолжен за тоа, секоја песна да има свој клип во траење од 30-тина секунди. Секако тука се песните, емоциите, нашите гости и се надеваме ќе оставиме убав спомен за генерациите што доаѓаат – велат членовите на „Меморија“.
Тие потврдија дека генерално сѐ се одвива добро и се надеваат на вистински концертен спектакл и аудио и визуелен и размена на емоции меѓу публиката и членовите на бендот.
Меѓу гостите на концертот се: групата „Ареа“, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Сара Мејс, Александра Илиева, Тијана Илова, Бранко Ѓорѓиев….
– Едно име нема да откриеме и го чуваме за крај, тој е вистинска музичка македонска ѕвезда со интернационална кариера – беше соопштено на денешната прес-конференција
Иако, неговото име не беше кажано на пресот, неофицијалчно дознавме дека таинствениот гостин ќе биде познатиот македонски пијанист Симон Трпчески.
Меѓу гостите ќе има и неколку хора, а ќе запеат и членките на женскиот хор „Фрида“, чија диригентка е Сузана Турунџиева, кои ја подготовија песната „За тебе“. Ќе бидат тука и македонските ракометари, а во публиката членовите на здружението „Мобилност“.
Гостин на концертот ќе биде и Филип Николоски, младо момче кое се движи со помош на количка, но многу ја сака музиката, свири на синтисајзер, пее и настапува. Нему му е посветена и песнатата „За добро да е“, за која музиката е на гитаристот на „Меморија“ Рубин Димкоски, а текстот е на Дуле Темелкоски. Тој ќе пее заедно со Ристо Самарџиев, а снимката од вчерашната проба, ја има на социјалните мрежи и е многу гледана.
– Филип Николоски вчера дојде на нашата проба и имам впечаток дека знаеше до најмал детал што кој свири во сите песни. Иако е во колчка поседува огромно количества позитивна енергија, што ја почувствувавме сите во студиото. Особено ни е драго што за Филип музиката е мнгу важна во животот, каде може да го зирази својот талент. Со него ќе настапиме и во Скопје, а секако и на нашиот концерт во неговиот роден Прилеп – вели Ристо Самарџиев.
На концвнертот ќе настапи и Тијана Илова, млада девојка која свири на тапани, која беше присутна на пресот.
Инаку сите членови на групата потврдија дека се во одлична форма и оти никогаш не звучеле толку добро, додавајќи дека едвај ја чекаат средбата со скопската публика.
По скопскиот концерт членовите на „Меморија“ најавија в година и „фамилијарен“ концерт на кој ќе настапат сите членови што поминале низ групата, што ќе се одржи во МКЦ во Скопје, каде што започна нивната музичка приказна, како и издавање на новиот албум.
М.Т.