Кога ќе се здружат родителите и учениците

Во училишниот двор на ОУ „Кире Гаврилоски“ во Прилеп деновиве се одржа есенски панаѓур за здрава храна, на кој учествуваа ученици од прво до деветто одделение.
Настанот беше организиран со цел да се издигне свеста кај учениците за значењето на здравата исхрана и придобивките од консумирањето природни и хранливи намирници.
Сите одделенија беа активно вклучени во организирањето и претставувањето на различни штандови.
– Учениците заедно со своите родители приготвија разновидни видови здрава храна, со овошје, зеленчук, житни продукти, јаткасти плодови и домашни производи. Тие можеа да се вкусат и природни џемови и печива од интегрално брашно – велат од училиштето.

Ка.М.