Фото: Архива
Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новзелaндски г. Петар и скулпторот Жарко Башески се добитници на наградите за животно дело на град Прилеп. Владиката г. Петар признанието го добива за огромната ревност и оданост за верата, кој секогаш стоел и стои на браникот на националните интереси на  Македонија и православниот народ во неа, додека македонскиот скулптор Жарко Башески, професор, уметник,  за децениско промовирање на родниот Прилеп. Ова денеска беше соопштено на прес конференција на Комисијата за одбележување на значајни датуми и настани на Советот на општина Прилеп.
При тоа беше посочено дека добитници на плакети Трети ноември, по повод Денот на ослободувањето на градот  се:
    • Прилепска Пиварница-за 100 годишно постоење во општествено-економскиот живот во Прилеп;
    • ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп за постигнати успеси во воспитно образовниот процес и реализирани проекти;
    • Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДOОЕЛ с. Алинци Прилеп како општествено одговорна компанија;
    • Ликовна колонија-Дрен при НУЦК „Марко Цепенков“ за повеќегодишно меѓународно уметничко творештво;
    • МАТАДОР како успешна и општествено одговорна компанија;
    • Научен институт за тутун за научно истражувачка, образовна, апликативна и производна и издавачка дејност;
    • Мариовско-Мегленски средби-за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот;
    • ФК Братство Големо Коњари-за постигнати резултати и придонес во спортот;
    • Центар за развој и едукација Прилеп-за успешна реализација на услугата помош и нега во домот;
    • Австралиско-Македонско друштво „Методија Андонов-Ченто“ од Сиднеј- за негување на традициите и донации за најмладите во спортот.
На трети ноември ќе бидат доделени и дипломи на:
    • Марјан Јованоски-солист, првенец во македонска опера и балет;
    • Јован Аврамоски- за пожртвуваност и посветеност во областа на заштита и спасување;
    • Љупче Петрески протоереј-придонес во општествениот културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп;
    • Трајче Зуљамоски-педагог, спортист волонтер хуманист;
    • Ивана Атанасоска-светска олимпијада по геонауки;
    • Билјана Тинтоска-успех во воспитно-образовната дејности и книжевноста
    • Елена Ртоска-за особен придонес во развивање на екстремните спортови;
    • Никола Павлески- младински првак во шах;
Ка.М.