Техно
Германските научници тврдат дека имаат нова идеја за неограничен извор на енергија, кој вклучува употреба на краткотрајни ласерски импулси. Реакторот за фузија како неограничен извор на енергија, кој не е штетен за животната средина, е проект на кој се работи 70 години. Идејата за енергија од морската вода е многу привлечна за научниците и затоа научниците се обидуваат да ја надминат главната пречка во процесот, а тоа е температурата повисока од онаа на јадрото на Сонцето.
Директорот на германската старт-ап компанија „Марвел фјужн“, Мориц фон дер Линден, кој се занимава со оваа тема, вели дека постојните нуклеарни централи користат нестабилни изотопи како гориво и ја користат енергијата создадена од нивното распаѓање. Проблемот е што нуспроизвод на тој процес е радиоактивен отпад.
Сепак, Германците сега работат на модифицирање на процесот со цел тој да биде целосно безбеден, а компанијата досега има спроведено детални компјутерски симулации и ласерско тестирање, но сè уште нема работен прототип на реактор. Но тоа што го имаат беше доволно да привлечат инвестиции од неколку десетици милиони евра, а меѓу инвеститорите се и „Сименс“ и францускиот конгломерат „Талес“.