Уште еден командант на Хезболах е убиен денеска во напади врз либанското село Кана што се наоѓа во јужниот дел о ддржавата, соопшти израелската армија
Џалал Мустафа Харири, командант на Хезболах во областа Кана, беше убиен во нападот заедно со други екстремисти на Хезболах- соопшти ИДФ.
Проиранската шиитска организација веднаш не го потврди убиството на нејзиниот командант, но либанските власти соопштија дека 15 цивили биле убиени во денешните израелски напади врз селото Кана.
Харири беше одговорен за планирање и извршување на повеќе напади врз Израел – се вели во соопштението на израелската војска.