Фото: Пиксабеј

Москва денеска го отфрли „Планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски за завршување на војната со Русија карактеризирајќи го како диктат од САД.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека планот ја открива подготвеноста на Вашингтон, Киев да се бори против Русија „до последниот Украинец“.

Тој рече дека крај на конфликтот ќе биде можен само ако Украина го препознае, како што рече, недостигот на перспектива.

Зеленски денеска го претстави својот „План за победа“ пред украинските пратеници, барајќи итен пристап во НАТО и дозвола од западните партнери за користење оружје со долг дострел против цели длабоко во Русија.