Фото: Министерство на надворешни работи на Русија/Твитер

Русија има јасен став за решението на украинскиот конфликт, кој го формулираше рускиот претседател Владимир Путин, и не ја интересираат други информации за ова прашање, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

 – Не ги следам информациите што периодично ги изнесуваат украинските претставници на различни нивоа. Нас тоа не нè интересира – рече шефот на дипломатијата на брифингот со новинарите по 19-тиот источноазиски самит.

Лавров ги коментираше изјавите на украинскиот амбасадор во Трст Василиј Боднар за продолжување на подготовките на Киев за вториот „мировен самит“ до крајот на 2024 година.