Фото: ЕПА

Европскиот парламент (ЕП) денеска одобри помош во износ од над една милијарда евра за санација на последиците од катастрофалните поплави што ги погодија Италија, Словенија, Австрија, Грција и Франција во 2023 година.

Средствата се доделени од Фондот за солидарност на ЕУ, а пакетот помош е одобрен со 632 гласа „за“, седум гласа против и три воздржани – се наведува на веб-страницата на ЕП.

Европратениците велат дека помошта од ЕУ треба да се прошири со оглед на зголемениот број природни катастрофи во Европа.