Израелската војска денеска прогласи воена зона во делови од северната граница со Либан пред можни копнени операции во соседната земја.
– Областите Метула, Мисгав Ам и Кфар Гилади во северен Израел се прогласени за затворена воена зона. Влез во тие области е забранет – се вели во соопштението на војската.