Фото: ЕПА

РАСТ НА ДИГИТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА И ГЛОБАЛНОТО КИНЕСКО ВЛИЈАНИЕ

Облечени во златни обрачи што потсетуваат на Сун Вуконг, легендарниот крал на мајмуните, гејмерите од целиот свет се длабоко занесени во нивните контролори, борејќи се со него во виртуелната област на третaта Глобална дигитална трговска изложба, која моментално се одржува во Хангжу, во провинцијата Жеџијанг во источна Кина.
Овие гејмери се редат за да ја испробаат кинеската хит видеоигра „Black Myth: Wukong“ на изложбата. Се смета за прв наслов трипл-еј („Triple-A“) (термин што се користи за означување на високобуџетни познати видеоигри, развиени од реномирани и големи производители – н.з.) развиен од Кина, при што играта црпи инспирација од класичниот кинески роман „Патување на Запад“. Приказната ги следи авантурите на еден монах и неговите тројца ученици, со посебен фокус на Сун Вуконг, познат по своите натприродни моќи и немирна природа.
Следејќи го метеорскиот подем на играта во светот на игрите, со продажбата што вртоглаво се искачи на над 10 милиони копии низ платформите во рок од само три дена по лансирањето, сè поголем број кинески игри оставаат свој белег на глобалната сцена, поттикнати од дигиталната трговија.
– Конфигуриравме хардверски производи од неколку светски производители на самото место, така што нашата публика може да го доживее чувството на играње „Црн мит: Вуконг“ на различни уреди – рече член на персоналот на изложбата.
– Покрај борбата против чудовишта и минување нивоа, пожелни се прецизно прикажаните артефакти и сцени во играта, кои ја пренесуваат уметничката концепција на кинеската естетика – вели Хуанг Зејуан, граѓанин на Хангжу што ја пробал играта на официјалната страница.
Дигиталната индустрија во Кина бележи силен раст во последниве години, известувајќи за вкупен приход од 32,5 трилиони јуани (4,62 милијарди американски долари) во 2023 година.