Најмалку четири лица се убиени, а 18 повредени во масовно пукање во Бирмингем, Алабама, според полициските извештаи.
-Повеќе вооружени лица испукале повеќекратни истрели во група луѓе во областа „Фајв Поинтс Саут“ на градот – изјави полицискиот службеник во Бирмингем, Труман Фицџералд.
Полицијата на местото на настанот пронашла тела на двајца мажи и една жена, а четвртата жртва починала од прострелни рани во болница – додаде тој.
Детективите истражуваат дали напаѓачите им пришле на жртвите пеш или се возеле, рече Фицџералд.
Никој досега не е уапсен. Полицијата во соопштението соопшти дека соработува со ФБИ и други федерални агенции и нуди награда од 5.000 долари за информации за напаѓачите. Тие отворија и специјална веб-страница за испраќање фотографии и видеа од пукањето.