Медицински совет
енот без да се плашите од уринарна инфекција? Дури и ако намерно не голтате вода, веројатно сè уште внесувате повеќе вода отколку што мислите. За само 45 минути пливање, просечен возрасен човек голта една лажица базенска вода, а децата дури двојно повеќе. Направете сѐ што можете за да го намалите тоа количество.
Еден од начините да се спречат инфекции на уринарниот тракт додека сте во базен е веднаш да го преслечете влажниот костим за капење. Ако предолго останете во костимот за капење (а многумина чекаат да се „исуши сам“), ризикувате многу. Тоа е еден од начините на кои можете да го отворите патот за инфекции на уринарниот тракт. Едноставно пресоблечете се веднаш штом ќе излезете од базенот.
Исто така важно е и да ја тестирате водата од базенот: Ако нивото на хлор или pH во базенот е ниско, има поголема веројатност бактериите да се шират. Доколку не сте сигурни за исправноста на водата во базенот, проверете ја сами. За тоа ќе ви требаат тест-ленти со кои ќе го проверите квалитетот на водата во базенот. Не плашете се да ја тестирате водата во базенот, бидејќи тоа може да ви го спаси здравјето.