При интервенцијата за гаснење на запалена сува трева и ниска деградирана шума во атарот на село Зубово, еден пожарникар, припадник на ТППЕ Струмица, е повреден, односно му е скршено едно ребро, соопштија струмичките пожарникари.
– По извршените лекарски прегледи му е дадена соодветна терапија и е испратен на домашно лекување – стои во информацијата од ТППЕ Струмица.
Инаку во текот на вчерашниот ден струмичките пожарникари имале осум интервенции на запалена сува трева, стрниште, ниска шума, депонии и автомобил.