Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 8, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Следува период на топло време. Во деновите од викендот наместа ќе има пороен дожд и грмежи, а локално и услови за појава на невреме. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.