Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека седум лица кои беа заглавени во куќа во село Строиманци, во Општина Свети Николе безбедно се евакуирани откако најпрво полициски халикоптер фрлил вода врз огнениот обрач, направил дупка во огнот низ која брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле седумте лица.
– Голема благодарност до храбрите доброволни пожарникари и храбрите македонски пилоти – вели Ангелов по извлекувањето на седум луѓе од пожарот во Строиманци во Општина Свети Николе.